ФУДБАЛ

Жозе Мурињо знае кој ќе ги замени Меси и Роналдо на вистински начин

Многумина се прашуваат што ќе се случи со фудбалот кога Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе се пензионираат, дали некој ќе биде толку добар за да ги замени.

Меси и Роналдо полека влегуваат во завршницата на својата кариера и на многумина им е јасно дека нема да ги гледаме во фудбал уште долго. Оваа игра ќе изгуби два од најдобрите играчи некогаш, но големото прашање е дали има некој кој вистински може да ги замени.

Португалскиот експерт Жозе Мурињо е убеден дека тоа нема да биде Нејмар, кој повеќе не е толку млад, но знае кој би можел да се потенцира и да се пробие до врвот.

“Меси и Роналдо нема да бидат уште тука, и сите ние да се запрашаме како ќе изгледа фудбалот кога тие ќе заминат. Не постојат многу играчи кои можат да ги заменат, всушност, за мене тоа е само еден играч. Нејмар не е затоа што веќе има 27 години, но Килијан Мбапе има потенцијал да биде најдобар во светот”, рече Мурињо и продолжи.

“Ме импресионира со неговите игри, па дури и фактот дека е тинејџер. Неговите квалитети не се во прашање и ќе видиме што му носи иднината. Мбапе може да биде достојна замена за Меси и Роналдо и неговото време допрва треба да дојде.”