Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција ЖРК Вардар попладнево во Будимпешта го игра второто финале во Лигата на шампионите во обид да го освои ракометниот врв. Сличен пат имаше и првиот македонски ракометен европски првак Кометал Ѓорче Петров. „Кометалки“ првото финале во 2000 година го загубија од Хипо, но во следното 2002 година беа поуспешни од Ференцварош.
Во слична ситуација е и Вардар, со тоа што од почетокот на годината е познато дека ова се последните дуели на „вардарки“ во овој состав. ЖРК Вардар лани го имаше своето прво финале, а оваа сезона се изборија за второто и тоа во низа против истиот ривал актуелниот европски првак унгарски Ѓер.
– Наша задачата е да направиме анализа, се ќе зависи од одбраната. Вчера против Ростов дадовме се од себе и успеавме. Ние целата сезона го чекавме овој натпревар. Може да играме лошо, но важно е да победиме, изјави тренерот на Ирина Дибирова.
Ова ќе биде вкупно 6.ти меѓусебен дуел на ЖРК Вардар и Ѓер, а билансот е 1 победа за ЖРК Вардар, 1 нерешен резултат и 3 порази (заедно со ланскиот во финалето).
Дуелот ЖРК Вардар – Ѓер почнува во 18 часот, а ќе го судат Шарлота и Жулија Бонавентура од Франција, малото финале меѓу Букурешт и Ростов Дон почнува во 15:15 часот.