ФУДБАЛ

Зидан е на работ да биде отпуштен од работа

Работата на Зинедин Зидан како тренер на Реал Мадрид се повеќе и повеќе се влошува – пишуваат медиумите во Шпанија.

Според телевизијата „Ел Шарингвито“ , француската легенда е на работ да биде отпуштен бидејќи неговото враќање во „Лос Бланкос“ не се одвиваше добро.

Неговата стратегија не беше ефикасна на стартот на сезоната или барем не ги исполни очекувањата на мадридскиот клуб.

Овој викенд Реал претрпе загуба од Мајорка, додавајќи уште повеќе на проблемите на Зидан, за чија позиција се вели дека е премногу „кревка“.

Реал Мадрид моментално е на еден бод зад Барселона на табелата, додека од двата натпревари одиграни во ЛШ имаа само еден бод.