ФУДБАЛ

Зидан е уморен од одмор: „Сакам да работам, сакам да бидам зафатен“

Доволно се одморив, сакам да работам, сакам нов предизвик, изјави легендарниот Французин Зинедин Зидан.

Тој е без работа откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година.

Се споменуваше дека ќе ја преземе француската репрезентација, дека тоа е работа што се чека, бидејќи Дидие Дешам требаше да си замине по Светското првенство во Катар. Наместо тоа, Дешан го продолжи договорот, а Зидан се уште чека.

Сега се шпекулира дека го чека Пари Сен Жермен кој најверојатно ќе му врачи отказ на Галтие доколку биде елиминиран од Лигата на шампионите од Баерн , се споменува и клупата на бразилската репрезентација.

„Сакам да работам, да имам проект. Денеска имам време, но не знам колку ќе трае. Сè може да помине многу брзо“, рече Зидан во емисијата по повод презентацијата на Формула 1. болид на францускиот тим Алпине, чиј програмски амбасадор е.

„Сакам да бидам зафатен “, објасни Зидан, трикратниот освојувач на Лигата на шампионите на клупата на Реал Мадрид.