ФУДБАЛ

Зидан го брани Бенеземa: Сè е во ред, и јас го правев тоа

Големо внимание во светските медиуми предизвикаа озборувањата на Бензема и Менди за младиот соиграч Винисиус Jуниор.

Имено, на полувремето од натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Борусија Моенхенгладбах и Реал, Бензема и Менди разговараа за својот соиграч, а сето тоа го снимија камерите, па очекувано беа критикувани.

Денес на тоа прашање зборуваше и тренерот на Реал, Зинедин Зидан, кој истакна дека некогаш направил нешто слично, но дека на крајот сè остана на теренот.

“Не мислам дека Винисиус ќе биде погоден од критичарите. Денес има многу камери, повеќе од порано, но сè останува на теренот. Секогаш беше така. Јас го правев тоа, а тие исто така ме критикуваа”, рече Зидан и додаде:

“Винисиус е млад, има сегашност и иднина во Мадрид. Винисиус работи добро, го гледам тоа. Ова е момче кое сака да учи, да се подобрува и ова е добро за тренерот и за тимот. Најважно е што прашањето е веќе решено, играчите разговараа меѓусебно. Добро е”.