ФУДБАЛ

Зидан го убеди Марсело да се предомисли

Бразилецот Марсело ќе остане во Реал и покрај гласините за заминување, пишува „АС“.

За време на ерата на Сантијаго Солари, овој искусен фудбалер нема најдобар статус. Повеќето натпревари Марсело ги следеше од клупата и беше решен да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, но како што пишува „АС“, одлуката ја промени во последно време.

Во тоа, тој беше убеден од новиот тренер Зинедин Зидан, кој му даде дознаење дека сé уште е многу важен член на тимот и дека може да смета на стандардни минути ако продолжи да работи добро на тренинг.

Марсело веќе го зазеде местото во стартната постава во победата над Селта, па реално е да се очекува дека тој ќе остане така во продолжение на сезоната.

Минатата недела, Марсело најтесно се поврзуваше со Јувентус, се чинеше дека ќе ги започне стапките на Кристијано Роналдо, но по се изгледа дека тоа нема да се случи.