ФУДБАЛ

Зидан: Играчите сакаат да играат, нашата цел е јасна

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан е задоволен од тоа како неговиот тим го обработија тренингот во текот на првата недела на тренинзите во групите.

“Беше добра недела бидејќи успеавме да работиме во мали групи. Успеавме да направиме повеќе тактички, физички, технички … Верувам дека следната недела ќе бидеме уште подобри”, рече тренерот на Реал.

„Среќен сум што сум повторно со моите играчи, по скоро 60 дена“, додаде тој.

Реал е на два бода зад Барселона и се очекува мртва трка до крајот.

“Играчите сакаат да играат. Тие се фокусирани на она што нè чека. Останаа 11 натпревари и ние ќе се подготвиме добро да ја завршиме сезоната. Ние ќе дадеме се од себе за да го освоиме трофејот. Тоа е нашата ДНК – освојување на трофеи”, додаде Зидан. .