Сезоната за Реал Мадрид не е најдобра, иако сè уште не е изгубено.
Реал испадна од Копа дел Реј, не успеа да освои трофеј во Суперкупот на Шпанија и веќе саостатокот е двоцифрен зад лидерот Атлетико Мадрид во лигата.
Затоа, Зидан е пред отказ, а според мадридскиот весник АС, само една работа може да го спаси, а тоа е освојувањето на Лигата на шампионите.
Мадрид тешко ќе стигне до европскиот трон, но самиот Зидан знае дека без освојување на трофејот, едноставно би морал да ги собере своите работи и да си замине, бидејќи тоа е повеќе од разочарувачко за најголемиот клуб во светот.
Французинот е легенда на Реал уште од неговите играчки денови, а како тренер на клубот му донесе две шампионски титули, три Лиги на шампиони, два европски Суперкупа, два Светски клупски шампионати …