ФУДБАЛ

Зидан инсистира: Азар и Винисиус можат да играат заедно

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека нема сомнеж дека двајцата напаѓачи, Винисиус Јуниор и Еден Азар, би можеле да играат заедно во истиот состав на Лос Бланкос.

Тренерот на шпанскиот гигант призна дека дуото Еден Азар и Винисиус Јуниор се натпреваруваат за слична улога во формирањето на Реал Мадрид, но додаде дека може да се најде место во тимот и за двајцата.

Азар остана на клупата целиот натпревар во неделата, кој заврши со победа за Реал од 2:1 над Реал Сосиедад. Во меѓувреме, останува да се види дали тој ќе игра на натпреварот во против Реал Мајорка.

Белгиецот е стартер на само 11 натпревари од Ла Лига оваа сезона за Реал Мадрид, од неговиот трансфер од Челзи минатото лето. Сепак, тој придонесе две асистенции на четири натпревари од продолжението на лигата.

Во меѓувреме, Винисиус беше во импресивна форма во последниот натпревар и Зидан изјави дека очекува одлични работи од него, додека додаде дека може да најде место и за двајцата играчи во првиот состав.

„Не го гледам ова како невозможно, но се обидуваме да ги натераме играчите да се чувствуваат што е можно поудобно“, рече Зидан.

„Тој има иста позиција како Еден, но тоа не значи ништо. Ттие исто така можат да играат заедно на натпревар. Не се сомневам во тоа“. 

ПОВРЗАНО

Ла Лига