ФУДБАЛ

Зидан: Ќе видиме колку долго ќе бидам тренер

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета дека нема долго време да „плови во тренерските води“.

„Нема да бидам тренер 20 години, ќе се пензионирам пред тоа. Отсекогаш сакав да бидам фудбалер, јас бев таков скоро 18 години. Реков дека нема да бидам тренер, но тука сум. Ова е многу заморно. Ќе видиме колку долго ќе бидам тренер, но сигурно нема да поминат 20 години“, рече Зидан на денешната прес-конференција.

Следниот натпревар на Реал Мадрид е закажан за утре, каде ќе гостува кај Еспањол.

„Утре Еспањол ќе ни отежни, им требаат поени. Мора да победиме без оглед на тоа што ќе направи Барселона денес. Не чека уште едно финале, во кое мора да се концентрираме“, сподели тренерот на „белите“.

На прашањето за предностите на Виничиус Жуниор, Зизу одговори: „Фудбалерите знаат каде се, сите работат напорно и ги имаат своите предности и слаби страни. Таков е животот. Ние сме во добар момент, како и Вини“.