ФУДБАЛ

Зидан: Мбапе секогаш вели дека неговиот сон е да игра во Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека знае дека sвездата на ПСЖ, Калјан Мбапе сака да им се придружи.

Зидан објасни дека љубовта на Мбапе за Реал Мадрид е одамна позната за на јавноста.

Претседателот на Монако, Вадим Василјев, го кажа тоа во последните денови.

„Мбапе има желба да заигра во дресот на Реал“, рече Вадим Василјев.

Зидан верува дека Мбапе сам ќе донесе одлука за својата иднина.

„Тоа ќе биде играч кој ќе донесе одлука за својата иднина“, рече Зидан на прашањето за 20-годишниот.

„Во моментов тој е играч на ПСЖ. Во иднина, ќе видиме“.

„Тој секогаш вели дека неговиот сон е да игра во Реал Мадрид еден ден“, заклучи тренерот на Реал.