ФУДБАЛ

Зидан му даде одговор на ПСЖ за Мбапе, на свој начин

Пред неколку дена, на прес-конференција, Зинедин Зидан беше запрашан за иднината на напаѓачот на ПСЖ, Калјан Мбапе, и рече:

„Играчот ќе одлучи што ќе направи. Тој во моментов е играч на ПСЖ, но отсекогаш велел дека неговиот сон е да игра за Реал Мадрид“.

Еден ден подоцна, директорот на ПСЖ, Леонардо му одговори на Зидан:

„Не е погоден моментот да зборуваме за соништата и за овие работи“.

Зидан повторно реагираше овој петок, одговорајќи на одговорот на Леонардо:

„Јас не реков ништо. Јас само го кажав она што го кажа играчот, а тоа е дека неговиот сон е да игра овде. Затоа не знам што сакаат другите“.