Зинедин Зидан реши да не го покани Винисиус Јуниор во составот на Реал Мадрид за натпреварот против Легањес.
Покрај Бразилецот, од составот се изоставени и Брахим Дијаз, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз.
Начо и Марко Асенсио веќе долго време се надвор од плановите поради повреди, додека Хамес Родригез се врати од Колумбија по породувањето на неговата жена.
Герет Бејл доби дозвола од клубот да патува во Лондон.
Тони Крос и Лук Модриќ се вратија во составот откако се опоравија од повредата, заедно со Лукас Васкез.
Комплетен список на Реал Мадрид за натпреварот против Легањес:
Голмани: Тибо Куртоа, Алфонс Ареола, Диего Алтабе.
Дефанзивци: Дани Карвахал, Едер Милитао, Серхио Рамос, Рафаел Варане, Марсело, Ферланд Менди.
Среден ред: Тони Крос, Лука Модриќ, Касемиро, Федерико Валверде, Иско.
Напад: Еден Азар, Карим Бензема, Лукас Васкез, Лука Јовиќ, Родриго.