Во победата на Реал Мадрид над екипата на Борусија Дортмунд, Реал можеби повеќе загуби отколку што победи во тој меч. Натпреварот му зададе уште еден голем проблем на Зинедин Зидан кога е во прашање следниот важен натпревар во Примера, против Севилја.
„Кралевите“ како домаќини ќе го пречекаат тимот од Андалузија во дербито на 15-то коло во шпанската Примера, а на истиот Зинедин Зидан нема да може да смета на речиси половина тим, или поточно на дури четворица стандардни стартери.
Карвахал, Касемиро и Рамос ќе го пропушта мечот поради суспензии, додека на овие отсуства сега се придодаде и Рафаел Варан кој заработи повреда на мускулот за време на синоќешниот дуел со германскиот бундеслигаш.