Реал Мадрид утре вечер му гостува на Манчестер Сити во реваншот од осминафиналето од ЛШ. Освен тоа што треба да брка негатива од 2:1, Зинедин Зидан се соочува со бројни прашања од новинарите за ситуацијата и односот со Герет Бејл.
Како што е познато, Велшанецот не е повикан за овој меч, иако е здрав, односно не е повреден.
Зидан со следниот одговор.
-Не сакам ништо да кажам. Го почитувам Бејл како и сите играчи. Некои работи остануваат во соблекувалната, помеѓу тренерот и играчот и тоа е се. Тој е фудбалер на Реал Мадрид и тоа го почитувам. Тој не сака да игра и тоа е единственото нешто што можам да ви го кажам, изјави Зидан.