Реал Мадрид го објави својот состав за финалето на Лигата на шампионите.
Актуелниот европски клупски шампион ќе патува за Киев со група од вкупно 24 фудбалери, а тренерот на Реал, Зинедин Зидан нема проблеми со повредени или казнети фудбалери.
„Белите“ играат против Ливерпул на 26 мај во украинската престолнина, а тоа е третото нивно последователно учество во дуелот за трофејот во најпрестижниот клупски турнир во светот.
Составот на Реал Мадрид:
Голмани: Кејлор Навас, Кико Касиља и Лука Зидан
Дефанзивци: Даниел Карвахал, Ваљехо, Серхио Рамос, Рафаел Варан, Начо, Марсело, Тео Ернандез, Ашраф Хаким.
Среден ред: Тони Крос, Лука Модриќ, Каземиро, Маркос Љоренте, Марко Асенсио, Иско, Матео Ковачиќ, Дани Себаљос
Напаѓачи: Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Герет Бејл, Лукас Васкез, Борха Мајорал.