ФУДБАЛ

Зидан по крајот на Ла Лига: А, сега – Манчестер Сити!

Францускиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има само еден клуб во главата по завршувањето на Ла Лига и само еден предизвик – Манчестер Сити!

Ла Лига заврши синоќа. Што се однесува до Реал Мадрид, последното коло не помина одлично затоа што одигра 2:2 на гостински терен против Леганес, но тоа е најмалку важно за „кралевите“ затоа што претходно ја обезбедија титулата.

По натпреварот против Леганес, Зидан се обрати, велејќи дека сега има само едно нешто на ум – реваншот од 1/8 финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

„Нашите амбиции се познати, секако дека сакаме да го победиме Сити и да играме во Лигата на шампионите што е можно повеќе“, започна Зидан.

Тој исто така ја коментираше паузата што сега ја следат неговите играчи до почетокот на август.

“Сега имаме неколку дена неопходен одмор за да ја вратиме силата за она што нè чека. Не се грижам дали играчите ќе дојдат неподготвени по кратката пауза, тие се професионалци. Знам дека сега треба да се опуштат, за да можеме да бидеме заедно и да се подготвиме за нови предизвици, од кои првиот е Манчестер Сити “.

Патем, Реал загуби во првиот натпревар против Сити, кој се одигра во февруари, на домашен терен со 2:1. Реваншот е закажан за 7 август во „Етихад“. Тимот што оди понатаму ќе го игра Фајнл-фор турнирот во Лисабон.

Зинедин Зидан во својата тренерска кариера никогаш не бил исфрлен во ЛШ.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига