ФУДБАЛ

Зидан по Ливерпул зборуваше за љубовта кон Јувентус

Зинедин Зидан го предводеше Реал Мадрид до нова победа во Лигата на шампионите.

Кралевите го совладаа Ливерпул со 3:1 во првиот дуел од четвртфиналето и се многу близу до пласман во новото полуфинале предводено од Зидан.

Француската легенда веќе подолго време се поврзува со Јувентус, а по натпреварот со Ливерпул, Зидан беше окупиран од италијанските медиуми.

Меѓу нив беше и легендарниот Алесандро Дел Пјеро, кој беше соиграч на Зидан од Јувентус и го праша дали му недостасува Италија.

“Италија е во моето срце. Поминав пет години во Торино и Јувентус е многу важен за мене”, изјави Зидан за Скај Италија и продолжи:

“Иднината во Јувентус? Засега сум тука, но ќе видиме што ќе се случи”, му рече Зидан на својот поранешен соиграч.

Зидан го носеше дресот на Јувентус како играч од 1996 до 2001 година кога се пресели во Реал Мадрид.

Одигра 214 натпревари за „бјанконерите“, постигна 31 гол и освои шест трофеи.