Секогаш кога Реал Мадрид забележува негативен рекорд, медиумите почнуваат да кружат вести за можно разрешување на тренерот Зинедин Зидан.
Токму истото се случи и овој пат, каде Мадрид беше поразен со 2-1 од Леванте на домашен терен.
„Спорт“ пренесува дека Реал размислува за заминување на тренерот, за кого се вели дека ќе добие отказ на крајот од сезоната, но постои можност тој да биде отпуштен порано.
Дури понатаму се зборува дека Перез ја пронашол замената на Французинот, за кого се очекува да биде Алегри.
Вториот беше многу близу до преселба во Рома, но според последните извештаи тој одби да го преземе раководството на жолтите, бидејќи тој е главниот кандидат за клупата на Реал.