Според шпанските медиуми, Герет Бејл летово бил на излезната врата на Реал Мадрид, но на крајот остана во клубот.
Многумина веруваа дека Бејл ќе го напушти клубот, откако Зинедин Зидан изјави дека не смета на него, но тоа не се случи. На изненадување на многумина, Велшанецот остана во Реал и му беше даден повеќе простор за играње од вообичаеното.
Сепак, односот меѓу Бејл и Зидан се заостри повторно пред седум дена кога францускиот стручњак одлучи Велшанецот да не игра на натпревар против Клуб Бриж.
Зидан изјави дека Бејл е полесно повреден, но тоа не е вистина и тој наводно го казнил Велшанецот затоа што доцнел на собирот на тимот пред натпреварот.
„АС“ денес му ја посвети својата корица со наслов „Доста е“ на Бејл, кој е многу разочаран од однесувањето на Зидан кон него. Наводно, тој задоцнил само четири минути, а тренерот на Реал веднаш му рекол дека нема да игра.
На Бејл не му беше јасно зошто е отпишан од првиот тим и се лути на Зидан, барајќи да разговара со Флорентино Перез и, наводно, сакал да го напушти клубот во јануари. Иако играше против Гранада изминатиот викенд, јасно се виде дека нешто не е во ред.
Велшанецот неколку пати беше на излезната врата од Кралскиот клуб, но се чини дека овој пат тој сфати дека е време да ги спакуваме куферите. Дали Зидан ќе успее да ги смири односите со Бејл повторно останува да се види.
