Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на денешната прес-конференција зборуваше и за Килијан Мбапе.
Наводно, Мбапе е голема желба на Реал Мадрид и беше напишано дека овој одличен напаѓач на ПСЖ може да се приклучи во редовите на кралскиот клуб на лето. Навивачите на социјалните мрежи преку разни кампањи бараа негова набавка од претседателот на клубот Флорентино Перез.
„Неговиот перформанс, последниот натпревар беше прекрасен, ми се допадна она што тој го правеше, но поради убавината на фудбалот“, рече Зидан, па се осврна на фановите кои го бараа доаѓањето на Мбапе.
„Навивачите имаат право да зборуваат секако.
Мбапе или Халанд?
“Она што го сакам е да гледам фудбал и добри играчи. Двајцата се сегашноста и иднината. Тоа е тоа. Не можам да кажам ништо повеќе”.
Реал утре гостува кај Ваљадолид и Зидан смета дека ќе биде многу тежок натпревар и дека неговите играчи мора да „умрат“ доколку сакаат да донесат три бода. По тој натпревар, Реал ќе се соочи со Аталанта во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Проблемот, за кој Зидан е свесен, е што нема да има Бензема утре, а веројатно не и против Аталанта.