ФУДБАЛ

Зидан: Рамос треба да ја заврши кариерата во Реал

Реал Мадрид е во одлична форма откако по пандемијата на Коронавирус, се врати Ла Лига.

Кралевите остварија ист број победи во последните четири натпревари, а во последниот против Мајорка, еден од стрелците беше Серхио Рамос, кој го постигна својот десетти погодок во сезоната.

Договорот на искусниот дефанзивец со Реал важи до летото 2021 година, а во последно време се појавија многу шпекулации за неговата иднина, а сега тренерот Зинедин Зидан го даде својот став за целата ситуација.

Во интервју за шпанските медиуми, тој јасно кажа дека сака Рамос да остане и да ја заврши кариерата во Реал.

“Рамос е наш лидер, капитен. Тој ни го покажува патот на теренот. Тој припаѓа тука и во Реал треба да ја заврши својата кариера. Ова е мое мислење и јас стојам цврсто зад него”, рече Зидан.

Патем, Рамос е петти играч по бројот на настапи во историјата на клубот. Пребројувајќи ги сите натпревари за Реал, тој досега има одиграно скоро 650 натпревари.

ПОВРЗАНО

Ла Лига