ФУДБАЛ

„Зидан се обиде да го киднапира Мбапе и да го задржи во Мадрид“

Реал Мадрид одигра 2:2 против ПСЖ во 5. коло од Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“.

Кралскиот клуб поведе со 2-0, но на крајот остана без победа откако Мбапе и Сарабија постигнаа голови за израмнување на парижаните за само неколку минути.

Мбапе со тоа пристигна во Мадрид, каде што највисоките службеници сакаат да го видат како тој го носи дресот на овој клуб во иднина.

Зинедин Зидан би сакал да го види и младиот Французин на својот тим, а во пресрет на овој меч изјави дека е „заљeубен“ во него.

„Тој доаѓа во Бернабеу како ривал. За мене е важно да играме добро. Знаеме колку е важен тој за ПСЖ и треба да бидеме подготвени“, изјави тренерот на Реал.

„Мбапе е заљубен во Мадрид? Заљубен сум и јас во него. Тој доаѓа тука на важен тест“, додаде тој.

Зидан и Мбапе се најдоа во интересна ситуација синоќа, откако многумина се пошегуваа на социјалните мрежи дека тренерот Реал се обидувал да го киднапира Мбапе и дал се од себе за да потпише за клубот од Мадрид.

https://twitter.com/Clash_Royale_HQ/status/1199600719155933184

https://twitter.com/Realmadrilegacy/status/1199432587661303808

https://twitter.com/Ultra_Suristic/status/1199437001952497664