Фудбалерите на Реал Мадрид денеска го совладаа тимот на Осасуна на гостински терен со 4:1 во дуелот од 23. коло од шпанската Ла Лига.
Реал со оваа победа постави нов клупски рекорд.
По 23 кола има примено само 14 голови, најмалку во клупската историја во овој сегмент од првенството.
Исто така оваа победа на Реал им донесе предност од шест бода пред Барселона, но Барса има натпревар помалку.