ФУДБАЛ

Зидан со себе носи големо засилување во новиот клуб, потполно бесплатно!

Како што пренесоа утринава француските медиуми, Зинедин Зидан наскоро би требало да биде назначен за нов тренер на ПСЖ.

Зизу на клупата на Париз ќе го наследи аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино, кој ќе добие отказ.

Францускиот тренер е без работа од минатото лето, кога ја прекина соработката со Реал Мадрид и му препушти на Карло Анчелоти, додека Италијанецот во првата сезона ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите.

Пол Погба кому му истекува договорот со Манчестер Јунајтед би можел да премине во редовите на ПСЖ.

Според печатот „Хексагон“, се чини дека Пол Погба чека да види дали Зизу ќе ја прифати понудата на катарските шеици, а доколку даде позитивен одговор, фудбалерот сериозно размислува да го придружува до Паркот на принцовите.

Јувентус е тој што би загубил во овој случај, откако неодамна се пишуваше дека Пол Погба веќе со едната нога е на Алијанц стадионот.

Згора на тоа, челниците на „Старата дама“ имаа договор со играчот од Франција, а веќе се утврдени сите детали од договорот. Практично, останува само Погба да го потпише договорот, но се чини дека може да дојде до неочекуван пресврт.

Покрај Погба, ПСЖ се фокусираше и на дефанзивецот на Интер и репрезентативец на Словачка, Милан Шкриниар за кого се подготвени да издвојат околу 50 милиони евра.

Сепак, италијанскиот вицешампион сака уште дваесет милиони евра, па во моментов нема договор за тоа прашање.

ПОВРЗАНО

Ла Лига