Лука Јовиќ во моментов е најбараниот напаѓач во Европа. Неговата иднина ја интересира секого на светот, и иако се чинеше дека веќе го облекол дересот на Реал Мадрид, следеше пресврт. Нашиот, како што изгледа, ја промени одлуката.
Според извештаите на германските медиуми, преговорите со Реал Мадрид и Ајнтрахт се комплицираа кога дојдоа до надоместокот. „Повлечи-потегни“ играта трае пред речиси еден месец, а ниту една од страните не попушта. Ајнтрахт побара најмалку 100 милиони евра, додека од Реал немаат намера да одвојат повеќе од 60 милиони евра.

Ова доведе до фактот дека се вклучиа и многу други тимови кои сакаат да го видат во нападот еден од најдобрите стрелци во Лигата на Европа оваа сезона со 10 постигнати голови.
Јовиќ со последната изјава го притисна копчето за паника во Реал Мадрид, бидејќи станува јасно дека може да пропадни трансферот.
„Бундеслигата е физички предизвикувачка лига, но по средбата со Челзи и Интер, мислам дека би било подобро да играм во Премиер Лигата или во Серија А“ – изјави Јовиќ.
Ова може да биде доволен поттик за Реал да биде „отворен“ и да понуди сума пари што Ајнтрахт нема да може да ги одбие.