Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изведе многу чудна формација во вчерашниот полуфинален натпревар на шпанскиот Суперкуп.
Французинот се определи за формација од пет играчи во средина и без крила. Истурен напаѓач беше Лука Јовќ. Тоа функционираше, бидејќи Реал ја совлада Валенсија со 3:1 и се пласираше во финалето.
Пред финалето Зидан најавува дека подготви ново изненадување без разлика кој ќе биде ривалот – Атлетико Мадрид или Барселона.
„Можев да играм со пет крила, но се решив на оваа тактика во која Лука Модриќ и Иско играа клучни улоги како играчи зад напаѓачот. Во овој тим е важно тие да извршат притисок врз противникот и да играат со соиграчите. Така ние на два начина сакавме да му наштетиме на противникот и го сторивме тоа. За следниот натпревар против Барселона или Атлетико подготвуваме ново изненадување“, рече Фрашнузинот.
Инаку, вториот полуфинален натпревар помеѓу Атлетико и Барселона ќе се одигра вечерва од 20 часот на стадионот „Кинг Абдула Сити Спорт“ во Џеда.