ФУДБАЛ

Зидан за тоа како надежите на Реал ги понижуваа своите ривали: Кошарката е прекината кога има 50 разлика …

Младите надежи на Реал Мадрид (девет години), ги совладаа своите врсници од Вилаверда со дури 31:0.

Натпреварот се играше за време на викендот, а го предизвика гневот кај многумина кои сметаат дека младите мадриѓани мораа да „кочат“ кога сè ќе се реши.

Тие не го сторија тоа, но ја наполнија мрежата на ривалот до врвот.

Целата ситуација на интересен начин ја искоментира и тренерот на сениорскиот тим на Реал, Зинедин Зидан.

“Грдо е да примиш 31 гол, но тренерот не може да му каже на тимот да не напаѓа. Се случуваат вакви работи, тоа е фудбал. Повеќе во овие случаи зависи од Федерацијата. Во кошарката, на пример, кога тимот води со 50 поени разлика во помлади категории, играта е прекината. Треба да се најде решение и во фудбалот “, рече Зидан.

Вилаверде изјави дека се бесни од резултатите и ја повика Федерацијата да ги реконструира лигите во помлади категории.