Зинедин Зидан ќе го прекине второто искуство со Реал Мадрид, доколку Лос Бланкос загуби вечерва од Галатасарај во групната фаза во Лигата на шампионите
Зинедин Зидан би можел да биде отпуштен вечерва доколку Реал Мадрид биде поразен од Галатасарај во натпревар кој ќе се одржи во Истанбул.
Веста ја објави шпанскиот весник „Марка“.
Лос Бланкос очајно ја започна новата сезона во ЛШ.
Сепак, работите ќе се влошат за нив ако вечерва загубат во Турција.
Реал има план да го врати Жозе Мурињо ако замине Зидан.
Францускиот селектор го освои трофејот во Лигата на шампионите трипати по ред, но оваа сезона му недостасува малку среќа.