ФУДБАЛ

Зидан заминува, но кралевите многу се коцкаат затоа што го менуваат со 34-годишник

Зинедин Зидан наскоро треба да го напушти Реал Мадрид, а „Кралевите“ наводно веќе го пронашле неговиот наследник.

Многу великани менуваа тренери во последно време, а за тоа се подготвува Реал, кој наместо Зидан реши да го донесе младиот и талентиран германски стручњак Џулијан Нагелсман.

Нагелсман го предводи Лајпциг со многу успех и тој долго време беше во окото на првиот човек на Реал, Флорентино Перез.

Се верува дека 34-годишниот тренер ќе го наследи Зидан до крајот на сезоната.

Славата прво ја стекна водејќи го Хофенхајм, а потоа следуваа чуда на клупата на Лајпциг. Тој се поврзуваше со Борусија Дортмунд и Баерн, но сега се уште се верува дека е најблизу до клупата на шпанскиот гигант.