ФУДБАЛ

Зидан: Жал ми е, особено поради семејството на Марадона

По смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, се огласи и тренерот на Реал, некогаш одличен фудбалер, Зинедин Зидан.

Зидан истакна дека смртта на Марадона е голема загуба за светот на фудбалот.

“Ова е огромна загуба за светот на фудбалот и за светот воопшто. Сеќавањата за СП 1986 се уште се свежи во мене, имав 14 години. Марадона беше единствен”, рече Зидан.

“Мојот идол беше Енцо Франческоли, но Марадона беше играч кој сите го сакавме. Тој беше неверојатен. Имав среќа да му кажам на Марадона дека го сметам за брилијантен играч. Жал ми е, особено за неговото семејство. Не можам да најдам зборови да ги искажам. Сите сме многу тажни“, рече Зидан.