ФУДБАЛ

Зимското засилување на Мурињо ќе го промаши реваншот со Лајпциг

Има многу тешка задача пред Жозе Мурињо и неговиот Тотенхем – да се обиде да го надокнади заостанувањето од еден гол на гостување кај оддалечниот Лајпциг и да се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Потсетете се дека во првиот натпревар од 1/8 финале во Лигата на шампионите Тотенхем беше поразен од Лајпциг со 0:1 на својот стадион. И добро заслужено, затоа што Тотенхел беа во инфериорна позиција скоро целата средба.

Реваншот на „Ред Бул Арената“ во Лајпциг се игра утре, а се чини дека веќе тешката задача на Мурињо сега е уште потешка.

Постојат информации дека Стивен Берговин го пропуштил денешниот тренинг и дека скоро сигурно ќе го промаши утрешниот натпревар во Лајпциг.

Многу лоши вести за Мурињо со оглед дека Бердвин беше еден од поопасните кон голот на Лајпциг во бледиот натпреварот на Тотенхем во првиот меч.

Овој крилен напаѓач пристигна во Тотенхем во јануари од ПСВ за околу 30 милиони фунти. Тој има направено седум настапи за Тотенхем на сите натпреварувања досега и има постигнато два гола.