Реал Мадрид синоќа беше поразен од Атлетик Билбао со 2:1 во натпреварот од Суперкупот на Шпанија.
Реал остана без финале против Барселона, додека тимот од Баскија ќе игра за трофејот по неочекуваната, но заслужена победа над Мадрид.
Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, го обвини искусниот хрватски играч за врска, без кого неговиот тим не може, но овој пат Французинот реши директно да го повика играчот за врска.
“Ние не влеговме добро во играта. Атлетик нè стисна многу добро и поради тој притисок ги загубивме топките што нормално ги чуваме. Морав да ја сменам тактиката со која ја започнав играта затоа што не бевме задоволни од позицијата на Лука”, рече Зидан.
Модриќ беше поофанзивен од вообичаеното, играше десно, Асенсио лево, додека Бензема и Азар играа во нападот, но се покажа дека е лошо, па Реал се врати во формација 4-3-3 во 18-та минута.