Зинедин Зидан, француски експерт, ќе има предизвик ова лето, бидејќи ќе прави целосна промена на играчите на Реал Мадрид.
Кралскиот клуб оваа сезона беше поразен на сите полиња, а претседателот Флорентино Перез беше принуден да го моли Зинедин Зидан да се врати. Зидан го напушти Реал на крајот од минатата сезона, но се врати порано од тоа што мислел.
Има големи промени пред Реал, а Зидан се очекува да направи освежување во рамка на играчте и помладата екипа. Тие веќе шпекулираат за тоа кој би можел Реал да го донесе ова лето, при што голем број играчи ќе им се приклучат.
Италијанските медиуми денеска објавија дека Зидане оствари разговори со лидерите на Рома и рече дека е заинтересиран за турскиот играч Ченгиз Андер.
Тој го гледа овој млад крилен напаѓач како добро засилување за иднината и е подготвен да преговара. Рома го донесе од Басакехир во 2017 година за 15 милиони евра, но бараат повеќе од 40 милиони евра за него.
Ченгиз Андер со римскиот клуб има договор до летото 2022 година, а во дресот на овој клуб играше 57 натпревари, постигна 14 гола и 11 асистенции.