Зинедин Зидан инсистираше на тоа дека не го интересира што го пишуваат медиумите за неговата иднина, зборувајќи на прес-конференцијата пред натпреварот на Реал Мадрид против Осасуна.
Реал Мадрид во среда ќе ја пречека Осасуна на „Сантијаго Бернабеу“ во натпревар од Ла Лига, а Зидан се надева дека неговиот тим ќе добие три бодови од оваа средба по нивната импресивна победа над Севилја изминатиот викенд.
На прашањето за гласините за неговата иднина, Зидан рече: „Кога ќе изгубиме, јас сум разрешен, кога ќе победиме, не сум разрешен. Отсекогаш било, а така и ќе биде и понатаму “.
Тој инсистираше на тоа дека гласините не го интересираат, бидејќи неговиот фокус беше секогаш на натпреварите на Реал.
„Имаме натпревар утре и што и да се случи, се случува. Мора да играме добро, во ист интензитет и желба (како со Севилја). Тоа ме интересира“, додаде тој.