Крајот на регуларната сезона во МЛС се доближува, а кандидатите за престижните награди ќе бидат објавени кон крајот на годината.
Меѓу кандидатите за повеќе признанија е и Златан Ибрахимовиќ, кој е во МЛС лигата од март оваа година, кога дресот на Манчестер Јунајтед зо замени со Лос Анџелес Галакси.
Златан Ибрахимовиќ, исто така, се најде меѓу кандидатите за наградата за најкорисен играч (МВП), која го носи името Лендон Донован.
Исто така, Ибрахимовиќ беше номинирана за “новајлија на годината”, како и “враќање на годината”, со оглед дека во Галакси пристигна по сериозната повреда на коленото.
Малку е да се каже дека Златан Ибрахимовиќ стана “инстант сензација” од неговото пристигнување во МЛС, каде што покажа дека не време за пензионирање.