Во текот на целата своја кариера, Златан Ибрахимовиќ предизвика контроверзии секаде каде што се појави.
Освен во Барселона, каде беше во сенка на Лионел Меси, но и други sвезди, Ибрахимовиќ се чувствуваше како шеф во сите екипи и неговите соиграчи не прашуваа премногу.
Поранешните соиграчи често имаат нешто да кажат за Ибра, а поранешниот соиграч на ЛА Галакси, Мајкл Каини, тврди дека Златан го мразел Единсон Кавани, додека тие заедно го воделе нападот на ПСЖ.
“Го прашав за неговата врска со неговите соиграчи и тренери кога дојде во Галакси. Тој ми рече дека е во ред со сите и дека нема добри односи само со Кавани. Тој ми рече дека мрази три-четири фудбалери во кариерата и дека Кавани еден од нив “, рече Каини, додавајќи:
„Секој што беше близу Кавани во ПСЖ, беше автоматски против Ибрахимовиќ“.
Ибра и Кавани ја делеа соблекувалната од 2012 до 2016 година. Уругваецот сè уште е член на францускиот шампион, додека Ибрахимовиќ во моментов е под договор со Милан.