Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан на крајот на сезоната.
Според информациите добиени од „Gazzetta dello Sport“, 38-годишниот напаѓач нема да го продолжи договорот со „росонерите“ и ќе го напушти клубот ова лето.
Сепак, тој нема да ја заврши кариерата. Тој ќе го носи дресот на шведскиот Хамарби, тим во кој исто така има и сопственички удел и со кој тренираше во текот на претходните месеци.
Сепак, Ибра ќе остане фокусиран до крајот да освои место на европските натпреварувања со Милан, а ние сигурно ќе го видиме на теренот до самиот крај со вистинска желба и волја.
Треба да се потсетиме дека Ибрахимовиќ пристигна во Милано во јануарскиот преоден рок. Тој одигра вкупно 10 натпревари и има учинок од четири гола и една асистенција.
Во својата богата кариера, Златан носеше дресови на вистинските великани на европскиот фудбал. Започна во Малме, а покрај Милан, играше и за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и ПСЖ.
Тој исто така беше член на тимот на ЛА Галакси во МЛС, две години.