ФУДБАЛ

Златан Ибрахимовиќ има нов клуб?

Златан Ибрахимовиќ би можел да ја продолжи кариерата во Италија.

Како што е веќе познато, во декември на големиот напаѓач му истекува договор со Лос Анџелес Галакси, а по се се чини нема да остане во МЛС.

Иако е во доцните години, Ибрахимовиќ е мета на многу клубови, но се чини дека е најблизу до враќање во Милан.

„Ибрахимовиќ сега се враќа во Серија А, иако има 38 години. Милан го доведе“, рече Дин Грабер.

Враќањето на Ибрахимовиќ исто така неодамна го најави Антонио Касано.

„Ибрахимовиќ е единствената надеж на Милан за да се подобри. Тој ги прави неговите соиграчи подобри и тој ќе донесе ентузијазам во тимот. Мислите ли дека не би дошол? Јас сум сигурен дека ќе прифати, ако би му далае договор нагодина и пол“, реќе Касано

Шведскиот напаѓач забележа 85 настапи во дресот на Милан и додаде 56 гола и ја освои титулата во Лигата на шампиони.

ПОВРЗАНО

Серија А