ФУДБАЛ

Златан Ибрахимовиќ повторно покажа дека машината е: Подготвен за Парма?

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се повреди пред десетина дена на натпреварот против Наполи.

Ибрахимовиќ пропушти неколку претходни натпревари на Милан и се шпекулираше дека може да има дури и подолга пауза. Сепак, иако веќе има 39 години, Ибрахимовиќ покажа дека е во неверојатна физичка форма.

Калчомеркато денес соопшти дека Ибрахимовиќ утрово бил на медицински прегледи и дека добил информација дека заздравувањето оди подобро од очекуваното.

Наводно, Ибра би можел да се врати на терените викендов кога Милан ќе го пречека тимот на Парма на Сан Сиро.

Ибрахимовиќ оваа сезона одигра шест натпревари во Серија А и постигна дури десет погодоци. Покрај оваа повреда, тој пропушти неколку натпревари кога беше позитивен на коронавирус.

ПОВРЗАНО

Серија А