Вчера, Златан Ибрахимовиќ, по неколкумесечни шпекулации, официјално се врати во Милан.
Искусниот Шевеѓан беше претставен како големо засилување од страна на „росонерите“, а тој потпиша шестмесечен договор со можност за продолжување на соработката за уште една година – во зависност од неговиот настап во дресот на Милан.
Вчера Швеѓанецот направи детални лекарски преглед во Милано, а веќе го игра првиот натпревар во црвено-црниот дрес – неофицијален натпревар.
Ibrahimovic is starting as the lone striker in Milan's training friendly against Rhodense. https://t.co/wDDU99AQ94
— Meytar Zeevi (@RossoneriBlog) January 3, 2020
Имено, италијанските медиуми јавуваат дека Ибрахимовиќ игра уште од првата минута во пријателскиот натпревар во Миланело со италијанскиот клуб од понизок ранг, Роденсе. Натпреварот е во тек.