ФУДБАЛ

Златан среќен поради Манџукиќ: Заедно ќе ги исплашиме нашите ривали!

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ не го крие задоволството што Марио Манџукиќ ги засили Росонерите.

Хрватскиот напаѓач ја официјализираше соработката со Милан во вторникот, а во продолжението на сезоната, Ибра и тој може да формираат опасен напаѓачки тандем.

„Среќен сум, сега ќе ги исплашиме нашите противници заедно“ , изјави Ибрахимовиќ за „Скај Италија“.

Клубот од Сан Сиро го победи Каљари во 18-то коло од Серија А со резултат 2:0 во понеделникот, а Златан ги постигна двата гола.

„Морав да постигнам уште еден гол. Натпреварот беше тежок. Немам играно 57 дена, жал ми е. Тоа може да се случи “, истакна 39-годишниот шпиц, пред да се осврне на исклучително младите соиграчи што ги има во тимот:

„Младите ме мотивираат, ме предизвикуваат да видам кој трча повеќе. Не се предавам и покажувам дека можам да трчам како нив. Ние работиме добро, скоро сме на половина од шампионатот. Сега започнуваат најтешките натпревари. Ќе биде тежок распоред, но освен Манџукиќ и Мехите, не знам дали ќе дојде некој друг “.

Тимот на Стефано Пиоли е лидер во италијанскиот шампионат со 43 бода, три повеќе од второпласираниот Интер.

ПОВРЗАНО

Серија А