Овој месец имаме голема прослава.
Имено, за 15 дена, на 17 октомври, на гала церемонија во Париз ќе биде прогласен добитникот на Златната топка.
На помалку од еден месец до доделувањето на најголемата индивидуална награда во фудбалот, на интернет протече наводниот конечен пласман.
Објавата веднаш стана вирална и веќе ја видоа илјадници луѓе, но да го земеме ова со резерва бидејќи не е потврдено дали е автентична.
Доколку листата е точна, напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема би го освоил најпрестижниот индивидуален трофеј, неговата прва Златна топка. Французинот е и фаворит за победа, особено што на крајот од минатата сезона со Мадрид ги освои шпанското првенство и Лигата на шампионите.
Според информациите на списокот, Бензема наводно добил 521 глас, далеку пред вицешампионот Садио Мане, кој наводно добил „само“ 298 гласа.
Изненадувањето, сепак, е само третото место каде што младиот бразилски напаѓач на Реал Мадрид Винисиус Јуниор, кој доби 190 гласа. На четвртото место е Мохамед Салах, а на следните две места се Роберт Левандовски и Килијан Мбапе.
Ерлинг Халанд, новата ѕвезда на Манчестер Сити е само 11-ти на оваа листа, а Кристијано Роналдо кој веќе има пет Златни топки е 12-ти на листата.
Исто така, многу е невообичаено да се види дека Лионел Меси, човекот со седум од овие награди, воопшто го нема на списокот.
Кај играчите од регионот на поранешна Југославија се Лука Модриќ кој е осми со 73 бодови и Душан Влаховиќ кој ја зазема 19. позиција.
VINI JR. TOP 3? 🔝🇧🇷 Um suposto vazamento do que seria a lista do #BallonDor está circulando nas redes. Diz aí, achariam justo se esse fosse o resultado oficial? 👀 pic.twitter.com/S40CLCK4SB
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) September 30, 2022