ТАЈМАУТ

Злобната убавица го смени спортот: „Ќе бидам најдобар досега, запомнете“

По само четири настапи во ММА, атрактивната 23-годишна Кубанка Валери Луреда реши да го промени спортот.

23-годишната девојка од Мајами одлучи да ја прифати понудата на WWE федерацијата и во иднина ќе ја гледаме на големата сцена на американското борење.

„Горда сум што сум првиот Кубанец со потекло од Америка кој потпишал говор со WWE. Ќе станам најголемиот во историјата на овој спорт, запомнете го тоа“, напиша Валери и додаде:

„Потекнувам од имигрантско семејство и дојде време да ја презентираме нашата култура. За ова сум родена и благодарам на WWE федерацијата за укажаната можност. Ќе ве направам горди“, истакна атрактивната Валери.

Валери го напушти октагонот со сооднос 3-1 во нејзината професионална кариера. Сепак, таа стана многу попопуларна затоа што често го извртуваше огромниот задник по натпреварите, а потоа продолжи да го прави тоа на социјалните мрежи.

Сега тоа ќе може да го прави уште почесто на една од најгледаните ТВ програми во светот.