Ни доаѓаат неверојатни сцени од Националната лига во Гватемала.
Натпреварот од седмото коло од локалната Клазура помеѓу Нуева Консепсион и Муницијал беше во прекин на половина час бидејќи на теренот се појави огромна змија.
Чуварите и спасувачките екипи брзо реагирале и ја извадиле змијата од тревникот, а подоцна се вратила во Зоолошката градина од која наводно избегала и на крајот го нашла патот до стадионот каде влезе низ влезот зад голот.
https://twitter.com/Brave_spirit81/status/1493501095246708740
Играчите за момент беа во страв, а дел од навивачите го напуштија стадионот откако пристигна неочекуван гостин.
Нуева Консепсион го доби споменатиот натпревар со 1:0, а голот на одлуката го постигна Бредли во 42. минута од натпреварот.