ФУДБАЛ

Значителна промена во новиот дрес на Баерн

Баерн Минхен ќе влезе во следната сезона со значителна промена во дресот.

Главниот сет на дресови претрпе одредени промени, па сега дресот ќе биде малку потемен и со две црвени варијанти.

Адидас ќе ги остави своите карактеристични линии на рамениците, а знакот на спонзорот и производителот на опрема ќе биде обележан во бело.

Шорцевите исто така ќе имаат многу потемна црвена боја и ова се дефинитивно големи промени во споредба со дресот од оваа сезона.