ФУДБАЛ

„Знаете каков би бил ако не консумирав кокаин?“ – скандалозна исповед на Марадона

Светската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона јавно призна дека консумирал кокаин додека бил фудбалер.

Аргентинецот плачеше и го призна фактот дека би било супер ако не земал наркотични сипранции.

„Знаете каков играч би бил ако не консумирав кокаин. Што играч ние загубивме!“ – Марадона призна јавно во документарниот филм “Марадона од Кустурица” во режија на Емил Кустурица.

Снимката е снимена во 2008 година, но повторно е во центарот на вниманието на јавноста. Марадона сега има 59 година и го предводи тимот на Гимнасија и Есгрима Ла Плата. Аргентинецот презеде тешка мисија да го спаси тимот од испаѓање.