ФУДБАЛ

“Знам каде Меси ќе ја заврши кариерата. Имам и потврда”

Еден од најдобрите фудбалери на планетата, Лионел Меси, како што стојат работите, нема да оди никаде од Барселона.

Неодамна многу се пишуваше за Аргентинецот дека може да го напушти „Камп Ноу“, особено затоа што тој, наводно, не се согласува најдобро со челниците на клубот, но тоа нема да има влијание врз неговата кариера.

Меси нема намера да ја напушти Барселона, а тоа сега го потврди и новинарот на БЕИН Спорт, Ашраф Бен Ајад, кој важи за многу релевантен извор кога станува збор за вакви работи.

“Имам потврда дека Меси сака да ја заврши кариерата во Барселона. До пред неколку недели постоеше клаузула во неговиот договор според кој може да оди потполно бесплатно, но тој воопшто не размислувал за тоа. Тој сака Барселона да има успешен проект во новата сезона, да ја освои ЛШ “, рече Ајад.

„Го познавам многу години и добро знам како мисли тој“, додаде новинарот, кој на Твитер го следат повеќе од милион луѓе.

Тековниот договор на Меси со Барселона истекува на 30 јуни 2021 година.