Хрватска денеска против Белгија, Србија утре против Швајцарија ги играат клучните мечеви за пласман во осминафиналето на СП во Катар. На двете селекции им е потребна победа. Интересен детањ од Катар објави „Telegraf.rs“. Знамињата на Србија и Хрватска едно до друго, а навивачите на двете земји заедно. Нема политика, само фудбал. Си даваат поддршка едни на други на ова Светско првенство, пишува медиумот.

Ова секако е интересен момент, ако се знаат историските и политичките моменти помеѓу овие две земји, кои некогаш, заедно со Македонија беа во една иста држава.