Манчестер Сити одамна постигна договор со Борусија Дортмунд околу трансферот на Ерлинг Халанд.
Во петокот се навршува еден месец од објавувањето на трансферот, но Халанд се уште не е официјално претставен во својот нов тим.
Но, трансферот дефинитивно е на повидок, бидејќи Норвежанецот веќе се прости од соиграчите од Дортмунд.
Според печатот од Манчестер, постојат две главни причини зошто Халанд се уште официјално не е претставен во дресот на Манчестер Сити.
Пред се, Англичаните ќе ги префрлат парите за напаѓачот дури на 1 јули, датумот кога всушност ќе се случи трансферот. Во моментов меѓу двата клуба има само договор за негова подоцнежна реализација.
Друга причина е тоа што Халанд се уште не избрал број.
Според изворот, Норвежанецот и неговите агенти чекаат да одлучат за иднината на Габриел Жесус, бразилскиот офанзивец кој моментално го носи бројот 9, кој Халанд повеќе би сакал да го носи.
Да потсетиме, Халанд моментално е со норвешката репрезентација, која како и другите европски селекции во јуни ќе игра во Лигата на нации.
Одличниот напаѓач и донесе победа на својот тим против Србија (0:1), и со два гола против Норвешка (2:1). Вечерва ја пречекуваат Словенија, а за три дена Шведска.